Press "Enter" to skip to content

Богослужба и одбележување на слава за Св. Архангел Михаил во манастирот над Битола, на Баирот (фотогалерија)

Денес, ова лето Господови, манастирот на Баирот, над Битола посветен на Св. Архангел Михаил го слави и одбележува денот на Свети Архангел Михаил, војвода на сите ангели – водач на сите небески сили.По тој повод отец Никола одржа богослужба “свети“ вода и заедно со домаќините и сите на кои бра присутни “кренаа“ лепче за здравје.Отец Никола на присутниме и се обрати и говореше за Св. Михаил Анхангел, но и за гордоста кај луѓето која треба да се искорени, при што рече:-Господ кога го создавал светот, според Светото предание, најпрво го создал невидливиот свет, а водач на сите тие Архангели бил Сатанаил. Сатанаил бил најдобар, најголем и посакал да стане Бог. И токму поради тоа Господ го дарувал со сила Михаил, кој во  таа духовна борба победува Светиот Архангел Михаил, само со еден збор “Да внимаваме“. Денес ние сме дојдени пред Бога, пред Светиот Архангел Михаил и даваме некаков завет и велиме “Да внимаваме“, се молиме и го исполнуваме Божјите заповеди. Доаѓаме во овој манастир да помагаме, доаѓаме од некаква потреба и вера. Меѓутоа сите кои сме овде треба да имаме во предвид дека тука не треда да доаѓаме со гордост, не треба да доаѓаме и да се натпреваруваме кој да биди прв, да зборуваме кој што направил и што треба да направи. Се додека не ја искорениме таа гордост не можеме да одиме напред. Господ да ни биде на помош и да ги слушне молитвите.Оваа година на славата на манастирот “Св. Архангел Михаил“ имаше осум кумови, а Тони Трајчевски рече:-Денес сите заедно го одбележуваме празникот на Светецот Архангел Михаил, а мене ова ми е втор пар да бидам кум, а се надевам дека и трет пат ќе бидам, како што носи редот. Сакам на сите кои имаа слава да им честитам славата, но и на сите да ни биде честит Денот, со желба сите да бидеме здрави и живи, и да се гледаме само за убави работи.Инаку, да кажеме и тоа дека црквата “Св. Архангел Михаил“ се наоѓа во месноста Баир во Битола, нам манастирот ““Св. 40 маченици“ – Кркардаш или над меѓуградскиот патен правец М5 кој ја поврзува Битола со Охрид. Од ова место има единствен преубав поглед на Битола, на Пелистер, на Пелагонија, на Кајмакчалан, а се гледаат и термоелектраните во Грција.Според месните жители, ова свето место постои веќе четириесет години. Големиот манастор посветен на Св. Архангел Михаил и е во фаза на изградба, а веднаш до него е малото црквиче кое се секогаш отворено, каде битолчани можат да запалат свеќа, да се помолат, а намерниците да се заштитат при невреме.Малото црквиче го изградил брачен пар од Битола, а еден од луѓето кој ги постави темелите за новиот манастир беше Јован Ковачевски – Јован Ковач, кој има изградени голем број манастори. Поради неканонско градење се турна дел од манастирот, а сега е направен нов. Моментално се работи на внатрешно уредување на манасторот.Како и на други места сите овие изминати години, можеби дваесет и повеќе години има превирања во црковната управа на манастирот, но да се надеваме дека сето тоа е минато и дека слогата, а не гордоста како денес на Богослужбата рече отец Никола, ќе биде прва, а манастирот за брзо ќе биде целосно изграден.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »