Press "Enter" to skip to content

Каспер Кисум пред утрешниот натпревар против ПИК Сегед: многу научивме од првиот натпревар, имаме шанси да победиме

Само по една седмица по средбата во Сегед, Еурофарм Пелистер во Битола е домаќин на тимот ПИК Сегед во кој сака да стави крај на поразите во Лигата на Шампиони, во реваншот кој утре ќе се игра во салата “Боро Чурлевски“ во Битола.

Во пресрет на натпреварот, на задолжителната прес конференција, своите очекувања на средбата со медиумите ги сподели Каспер Кисум кој рече:

-Не знам дали беше најдобро, но првото полувреме во Сегед беше едно од нашите најдобри оваа сезона. Убеден сум дека можеме и подобро, но мора да останеме фокусирани и да го продолжиме квалитетниот период уште повеќе. Проблемот на тој прв натпревар беа многубројните промашени зицери. Во Лигата на шампионите уште на стартот видовме дека секоја грешка е примен брз гол. Мора да ги сведеме на минимум грешките. ПИК Сегед е одлична, динамична екипа. Имаат одлични шутери и пивотмени кои играат добро „еден на еден“. Мора да се справиш со различни типови на играчи кога играш одбрана против овој тим. Шест на шест во одбрана игравме добро во поголем дел од натпреварот. Треба да продолжиме со овој план на игра. Многу научивме од првиот натпревар и со нашите фанови имаме шанси да го победиме ПИК Сегед.

More from ВестиMore posts in Вести »