Press "Enter" to skip to content

Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај во посета на Битола (фотогалерија)

Во посета на Битола денес се наоѓа претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај заедно со државна делегација, а со него е претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пратеникот и лидер на ДУИ Али Ахмети, почесниот албански конзул во Битола Имер Селмани и други високи гости. Во пресрет на 22 ноември Ден на албанската азбука, во Битола, каде што пред 115 години се одржа Битолскиот конгрес, собир на кој се унифицира албанската азбука се одржа поетско читање, концерт, научен собир, а беше промовиран и нов галериски простор во НУ Музеј на албанста азбука.По активностите во Битола албанскиот претседател Бајрам Бегај истакна дека во Битола престојува со посебно задоволство и рече:-Битола е градот на албанската азбука, градот каде што се удрени темелите на албанскиот јазичен идентитет. Во нашата историја има посебни датуми кои што оставиле голема трага, а овој ден, 22 ноември 1908 година е посебно одбележан во историјата на албанскиот народ. Нашите преродбеници пред 115 години, без разлика на верата, нивното потекло или нивната политичка ориентација пред нивниот личен интерес го поставија националниот интерес, се здружија токму во Битола и не само да има унифицирана абецеда, туку и да донесат политичка одлука за идејата за дооформување на албанскиот народ. Во Битола официјално беа 50 делегати, но тие беа многу повеќе, и мажи и жени од сите краишта, кои на крајот одлучија азбуката да биде со латинично писмо. Тоа значи дека нашите преродбеници пред 115 години биле големи визионери бидејќи се одлучија за латинично писмо и за нашата европска ориентација. И, затоа денеска, денешниот пат е во тој дух, нашиот пат е европски пат како што се залагале нашите предци пред 115 години, истакна Бегај.Почесниот албански конзул во Битола, Имер Селмани, најави градот да стане туристичка атракција и рече:-Денеска со големата идеја на преродбениците сите народи на Балканот работиме и живееме во Европа и не само од формален аспект, туку затоа што тука е нашата иднина, иднината на нашата генерација. Ние ги сакаме европските вредности и европскиот стандард. Како Почесен конзул на Албанија во Битола посакувам не само во ноември, туку во текот на целата година Битола да биде дестинација на туризмот, дестинација во која од Косово, од Албанија, од Прешево, од Црна Гора, од секаде каде што живеат Албанци, да дојдат во Битола, да го посетат Музејот, да ја почувствуваат космополитска Битола и нејзиниот дух од минатото, животот и соживотот на денешницата. Тоа е најдобро како за Битола така и генерално за нашата држава, но и соседството.Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај заедно со делегацијата и нивните домаќини во Битола го посетија и почесниот албански конзул во Битола и направија прошетка по Широк Сокак.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »