Денес, вторник, 21 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот можност за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата во Битола до 14 степени.
Утре, среда, 22 ноември во Битола времето ќе биде променливо облачно претпладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој од крајот на денот ќе се менува во северен. Температурата во Битола до 9 степени.