Press "Enter" to skip to content

Пелистер прими гол во последните секунди, Пик Сегед со помош од судиите преживеа во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед 28:27 (12:15)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не ги издржаа последните секунди во 8. коло да го освои приот бод во Лигата на шампионите на вечерашниот натпевар во Битола против екипата на ПИК Сегед од Унгарија.Еурофарм Пелистер загуби во драматичен натпревар, но резултатот можеше да биде поинаков ако француските браќа Гасми го признаеја чистиот погодок на левиот бек Урош Борзаш во финишот на мечот, при резултат 25:26. Плус на тоа во последните секунди прими и не дојде до бод.Натпреварот беше отворен со голот на новото засилување Филип Кузмановски, а потоа беше и 2:1. Следуваа четири гола во низа на гостите за 2:5. Избраниците на Бранко Ангеловски по малата криза кон средината на првиот дел намалија на минус еден, 4:5. “Пелистерци“ имаат негатива од 6:9 во 15 минута, а намалија на 8:9. ПИК Сегед во 22. минута имаше максималните +4 (9:13). Еурофарм Пелистер додје на -2, а до крајот на полувремето беше 12:15.ПИК Сегед имаше предноста во второто полувреме 15:19, а во 40 минута беше 18:19. Следуваа неколку судиски одлуки  во корист на ПИК Сегед. Еурофарм Пелистер во 42 минута конечно имаше реми 19:19. Голема борба имаше 20:20, домаќините на двапати не реализираа, а гостите казнија со 20:22.На осум минути пред финишот беше 22:22, а пик ПИК Сегед имаше 24:26, во домаќините израмнија на 26:26.  Петровиќ врати за 27:27, но Золтан во последните секунди погоди за 27:28.Најефикасен кај Еурофарм Пелистер Кисум со шест и Филип Кузмановски со пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »