Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: скопјанка со шест централни потерници од МВР, фатена во Битола

Вчера, околу 17 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје во координација со Отсекот за компјутерски криминал при СВР-ОКП Охрид на ул. „Ружа Делчева“ во Битола ја лишија од слобода 44 жена од Скопје, лице барано по шест централни потерници од МВР, по наредба на Основен кривичен суд Скопје и ОЈО Скопје за затворска казна од осум години и шест месеци.

При претресот во домот на приведената пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, како и предмети кои ќе помогнат во расчистување на претходно пријавени кривични дела во врска со чл.247, чл.149 и чл.251 од КЗ на РСМ. Р.С. ќе биде предадена на КПУ-Идризово за издржување на затворската казна, велат од МВР. 

More from ВестиMore posts in Вести »