Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер се жали во ЕХФ за судењето со ПИК Сегед во Битола!

Еурофарм Пелистер по синоќешниот натпревар во Битола најави до делегатот на натпреварот жалба за судењето на француските судии Карим и Рауф Гасми, бидејќи сметаат дека се оштетени од делењето на сидиската правда, во рамките на 8. коло од “А“ групата во Лигата на шампионите, против ПИК Сегед.

Главната причина за реакцијата на македонскиот тим сигурно дека ја поттикна поништениот гол пред крајот на дуелот со ПИК Сегед во Битола, кој сигурно ќе ги променеше работите на крајот ако беше признат, а во официјалниот допис стои:

-Сметаме дека нашиот клуб не доби адекватен третман во текот на целиот натпревар, делењето на правдата не беше соодветно на степенот на натпреварувањето и одлуките на судиите директно влијаеја на конечниот резултат и финалниот исход. Клубот го искористи своето право да се обрати до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и неговата судиска организација и да побара одговорност од делителите на правдата. Оваа жалба е одговорност кон нашите професионалци во клубот, армијата навивачи на Еурофарм Пелистер и македонскиот ракомет кој го претставуваме“, велат од Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистет го загуби натпреварот по голот кој го примија во последните секунди.

More from ВестиMore posts in Вести »