Press "Enter" to skip to content

Завршната национална конференција на ИПА проект Г.ЕМ.С., стимулирање на зелени вработувања на БАС Битола (фотогалерија)

Денес на Бизнис академија Смилевски во Битола се одржа завршната национална конференција на меѓународниот ИПА проект помеѓу Македонија и Грција, а се зборуваше за огромното значењето и влијанието на резултатите од овој проект врз нашиот регион.Проектот Г.ЕМ.С., стимулирање на зелени вработувања го имплементираат Бизнис академија Смилевски-БАС и Регионалната стопанска комора.На овој настан говорници се беа м-р Александрос Видоурис – генерален конзул на Р.Грција, д-р Христина Оџаклиеска – заменик министерка за животна средина и просторно планирање, м-р Владимир Жогелев од министерство за локална самоуправа, Борче Јовески – претседател на Советот на Пелагониско планскиот регион и градоначалник на Прилеп, проф. д-р Цветко Смилевски – основач на БАС и Никола Димковски  од Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.Министерството за животна средина и просторно планирање секогаш поддржува иницијативи кои ќе ја поттикнат идејата за заштита на животната средина, посебно кај младите луѓе, истакна Христина Оџаклиеска, заменик министер во МЖСПП, која нагласи дека со проектот се креира кадар кој ќе работи за надминување на еколошките проблеми во регионот.Во име на министерството за локална самуправа зборуваше м-р Влатко Жоглев, кој рече дека посебно му е мило што е денес тука пред овој аудиториум, а посебно поради тоа што со овој проект, важен за двете земји е од самиот почеток, а и денес кога е неговата завршница.Жоглев додаде дека се надева дека овој проект иако е при крај нема да заврши и дека ќе продолжи со нови содржини бидејќи сите кои се вклучено имаа капацитет затоа.Според координаторот на проектот е проф. д-р Тони Соклевски, менаџер за развој во Бизнис академија Смилевски-БАС, проектот е основа и патоказ на вклучување на транзицијата од кафеав пристап до енергија до зелената агенда што ЕУ ја воспостави до 2030 година.– Овој пограничен регион треба да се подготви за транзицискиот период за што ние веќе изработивме генерална стратегија и 10 посебни стратегии за компании од регионот, но и други проектни содржини. Постигнатите резултати се поттик и извор за наредни предизвици, ќе извршат продлабочување на соработката меѓу македонско-грчките институции и огледално ќе се пресликува искуството од двете држави, истакна д-р Соклевски.М-р Александрос Видоурис – генерален конзул на Р.Грција на завршната конференција рече:-Тука сум денес да дадам поддршка на Г.ЕМ.С. иницијативата која е иницијатива помеѓу двете земји. Тоа е иницијатива за пренос на економијата од “кафеав пристап“ до поодржлив пристап, всушност зелена транзиција и оваа иницијатива ме радува што не е само на хартија туку ќе вроди и реален плод, односно се спроведе во пракса. На завршната национална конференција во Битола м-р Никола Димковски, проектен координатор, претставник на Регионалната стопанска комора-Битола, потврди дека над 150 компании од Пелагонискиот регион аплицирале за инсталирање на обновливи извори на енергија. За постигнатиот успех посебна улога имаа Комората која поттикнува развивање свест за користење на обновливите извори на енергија.Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, истакна дека со создавање на нови т.н. зелени вработувања се овозможува младите генерации да остануваат во државата.Со оваа поддршка се поттикнуваат зелените вработувања преку воведување на еколошки, енергетски решенија, дигитализација, автоматизација, безбедност при работа и заштита на животната средина и премин од кафеав кон зелен пристап, рече во своето излагање проф. д-р Цветко Смилевски.

More from ВестиMore posts in Вести »