Press "Enter" to skip to content

На Меѓународен Славјански Универзитет се зборуваше за унапредување на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата

На Меѓународен Славјански Универзитет во Битола се одржа настанот “Важноста од унапредување на родовата еднаквост во спречувањето на насилството врз жените и девојчињата“ во организација на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Настанот се состоеше од две панел-дискусии на кои беа опфатени повеќе прашања поврзани со родовата еднаквост и насилството врз жените.На првата панел дискусија беше промовиран тематскиот извештај „Тивкиот терор што не познава граници – Препознавање на демнењето како посебен вид насилство врз жени и девојчиња во РСМ”, подготвен од доц. д-р Милена Спасовска. Демнењето е ново кривично дело во македонското законодавство и сè уште постојат предизвици за негово препознавање, пријавување, заштита на жртвите и соодветно казнување на сторителите.

Вториот панел беше посветен на различни аспекти на родовата еднаквост, нивното влијание во превенцијата и спречувањето на насилството врз жените и девојчињата и идните чекори кои треба да се преземат за подобрување на националните и локалните политики, кои се во насока на унапредување на родовата еднаквост во сите области.

More from ВестиMore posts in Вести »