Press "Enter" to skip to content

“КС Групација“ во партнерство со локални образовни институции за поддршка на младите и образованието (фотогалерија)

Денес во елегантниот амбиент на ресторанот “Голд Фелициа“ во Битола, директорите на “КС Групација“, претставници на “Евротип“, “Голд Слот Клуб“, “Голд Фелициа“, “КС “Сервис, “Агроброд“, “Премиум Сејфти Солушн“ и “77битс“ во соработка со локалните образовни институции ги потпишаа договорите за стипендирање и практиканство со учениците од средното училиште СОЕУ “Јане Сандански“ , како и студенти од Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола и Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.Овие партнерства со локалните образовни институции означуваат моќна соработка помеѓу бизнис секторот и идните лидери на Битола.Договорите вклучуваат стипендии кои обезбедуваат финансиска помош за студентите, додека програмите за практиканство се дизајнирани да обезбедат искуство и менторство од реалниот свет.  Овие иницијативи колективно поттикнуваат средина на академска извонредност и личен раст.

Покрај формалните договори, настанот беше исполнет со забава и ентузијазмот на сите вклучени во негувањето на соништата и аспирациите на младите.Идните стипендисти на “КС Групацијата“ се: Петар Митревски студент во прва година на факултетот за информатички и комуникациски технологии, Валентин Стојановски студент во втора година на факултетот за информатички и комуникациски технологии, Марко Зајков ученик во прва година во средното економско училиште СОЕУ “Јане Сандански“, Анастасија Велевска од факултетот за економија- смер финасии и банакрство од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет и Ана Марија Крстевска од факултетот за Економија -смер менаџмент и претприемништво од Меѓународниот Славјанскиот Универзитет.

На свеченото доделување свое обраќање имаа продеканот на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – проф. д-р Божидар Миленковски, в.д директорката на средното општинско економско училиште “Јане Сандански“ – Билјана Јанкуловска, Игор Михајловски раководител на одделение на Меѓународниот Славјански Универзитет во Битола и Марина Милошевска – комерцијален директор на “КС Групација“.Потпишувањето на овие договори за стипендии е значајна пресвртница во напорите на “КС Групација“ за промовирање на општествената одговорност и го отвора патот за повеќе иницијативи кои ги поддржуваат младите и образованието во Битола. Тоа е извонреден пример за тоа како корпоративниот сектор и образовните институции можат да ги здружат силите за да имаат позитивно влијание врз животите на следната генерација.