-Попладнево, заедно со моите соработници, излеговме на терен, со цел согледување на функционирањето на Зимската служба. Првите врнежи од снег ги дочекавме целосно подготвени, така што екипите на јавните претпријатија со целата расположлива механизација, работат на расчистување на улиците.
-Обезбедени се доволни количини на сол и ризла за постапување согласно потребите, временските услови и според Програмата за Зимска служба за сезоната 2023/2024. После расчистувањето на улиците од прв приоритет, ќе се пристапи на расчистување на улиците од втор приоритет, а се интервенира и на патиштата до руралните места, напиша градоначалникот на Битола – Тони Коњановски на својот ФБ профил.

Коњановски: по првиот снег во Битола зимската служба на терен
More from ВестиMore posts in Вести »
- Амбасадорката на Чешка во посета на Општина Битола
- Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменети
- АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра
- Општина Битола: јавен оглас за давање под закуп киосци на автобуски постојки
- Четири години работа, од првата конструкција до денес – “Топ стеел инг”





