Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: предијабетес и дијабет

Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.

Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за предијабетес и дијабет, за што вели:

-Една од дијабетните микроангиопатии покрај дијабетната ретинопатија и нефропатија е дијабетната невропатија која е последица на автоимуни лезии, трупање на сорбитол околу нервните обвивки, редукција на гликоген и гликолипиди во нервите. Клиничката манифестација е најчесто како  сензорна невропатија најчесто во долните екстермитети асиметрично со парестезии, хиперестезии и загуба на чувство на бол, топлина, студ.Моторната невропатија е вториот тип се манифестира со парези и мусклулна слабост и нарушување во движењето, трета е автономната невропатија со афектирање на автономниот нервен систем и појава на тахиаритмии, постурална хипотензија, нарушен мотолитет на црева со дијареи, ретроспермија, импотенција, автономен мочен меуре и инконтиненција на урина. Освен клиничката слика и анамнеза потребен е и невролошки преглед.

Во терапијата освен  добрата гликорегулација која е најзначајна преку правилна исхрана, физичка активност, орални антидијабетици или правилна инсулинска терапија во поново време има и некои лекарстава како COMBINERV комбиниран препарат за подобрување на различни невропатии меѓукои и дијабетната невропатија.

More from СоветиMore posts in Совети »