-Попладнево, заедно со моите соработници, излеговме на терен, со цел согледување на функционирањето на Зимската служба. Првите врнежи од снег ги дочекавме целосно подготвени, така што екипите на јавните претпријатија со целата расположлива механизација, работат на расчистување на улиците.-Обезбедени се доволни количини на сол и ризла за постапување согласно потребите, временските услови и според Програмата за Зимска служба за сезоната 2023/2024. После расчистувањето на улиците од прв приоритет, ќе се пристапи на расчистување на улиците од втор приоритет, а се интервенира и на патиштата до руралните места, напиша градоначалникот на Битола – Тони Коњановски на својот ФБ профил.
Коњановски: по првиот снег во Битола зимската служба на терен
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)