Press "Enter" to skip to content

Култните “Лајбах“ – авангардно спектакуларен концерт во Центар за култура во Битола (фотогалерија)

-Со настапот на-“Лајбах“ авангарден словечечки состав. Бенд осован 1980 година и во тој период, често предмет на контроверзии и забрани и музичко крило на движењето “Neue Slowenische Kunst“ (NSK) заврши фестивалот “Музика од светот“ во Битола.Синоќа во Центарот за култура – Битола словенечката авангардна музичка група “Лајбах“ одржа концерт на јубилејното 15 издание на Музика на светот, во рамки на нивната европска турнеја „Love is still alive“.  Публиката која присуствуваше на концертот имаше можност да доживее спектакуларно визулено, музичко и театарско доживување. Имено низ виуелно патување  во секвенци Apoclipse, War, Reposum, Make earth the great place again….публиката доживеа едно поинакво музичко искуство и настап кој не се случил на сцената на Центарот за култура.

Тие имаат напишано музика за 15 театарски претстави и одржале безброј уметнички претстави во форма на изложби и инсталации во вселената. (За нивната НСК – естетско движење во форма на утописка имагинација снимени се неколку документарни и играни филмови.

За концертот  директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илиевски кажа:-Ние влеговме во нивната евриопска турнеја и покрај 20 други градови како Лондон, Луксембург, Малме, Амстерсдам, Братислава, Варшава, Виена…. бенд од калибар на Лајбах  настапи во Битола на Фестивалот „Музика на светот“.

Биографија за бендот “Лајбах“„Laibach“Лајбах е  словенечка авангардана музичка група поврзана со индустриска музика, Воена индустрија и Неокласичен темен бран. Бенд кој се помни како оснивач на движењето  ‘Neue Slowenische Kunst’ што значи „Нова словенечка уметност“.

За две години од оформувањето, тие создале армија од истомисленици а во 1982 година. го одржале првиот концерт во Љубљана, по што следеле настапи во Загреб и Белград.  Веќе следната година, настанале проблеми. Имено, на 23 јуни 1983 година, групата се појавила во политичкото ТВ шоу „ТВ Неделен“. Нивното интервју, резултирало со жестоки реакции од јавноста, но и официјална забрана за јавни настапи и употреба на името Лајбах во рамките на границите на СФРЈ. Со цел да ја истакнат апсурдноста на ригидната организација на државите позиции за уметничката слобода , тие уште еднаш на чуден ироничен начин го напаѓаат униформниот култ на личноста и авторитарната концепција на општеството,тие создавале естетско движење во форма на утописка имагинација за државата НСК, која имала свои амбасади, пасоши, па дури и поштенски марки. Признавањето од запад дошло уште во 1985 година, кога музичката куќа на Волтер Улбрихт Шалфолиен од Хамбург, го издава вториот албум на Лајбах „Recapitulation ’80 -’84”. Со најголемиот хит на Лајбах – „Животот е живот“, преработка на стар хит, започнала нивната светска афирмација. Тогаш на сите им станало јасно дека не постои политика што може да го забрани она што целиот цивилизиран свет тврдел дека создаваат одлична музика. Така од овие причини, но и од страв дека забраните може да станат контрапродуктивни, во 1987 година југословенските власти ја укинале забраната за јавен настап на групата Лајбах. Поради сценската употреба на униформите, тоталитарната естетика, но и вагнерскиот пристап кон музиката, Лајбах често беше обвинет за премногу лево или премногу десно. Лајбах отсекогаш го негирал тоа, а Милан Фрас, пејачот на групата, еднаш испровоциран кон овие обвинувања изјавил: „Ние сме фашисти исто колку што Хитлер беше сликар!.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »