Press "Enter" to skip to content

Нова победа на Пелистер Волеј во Битола за зацвртување на првото место (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:0

(25:08; 25:13; 25:09)

Одбојкарите на Пелистер Волеј во салата на Медицинско училиште во Битола забележаа убедлива победа над струмичката екипа Виктори Волеј со максимални 3:0 по сетови и освоени нови 3 бода за зацврстување на првото место на второлигашката лига.

“Пелистерки“ беа апсолутно доминантни од почеток до крај, покажа зрелост за останување на врвот на табелата од втората државна лига, за што тренерот Роберт Митковски рече:-Продолжуваме со низа маестрални победи, а на овој натпревар на кој бевме фаворити девојките одиграа без да му остават било каква шанса за неизвесност на противникот.  Бие какоо стручен штаб сме задоволни од постигнатиот резултат и од прикажаната игра на теренот од целата екипа, во натпревар во кој буквално сите играчи добија шанса, кои пак на најубав можен начин му покажаа на стручниот штаб, но и на публиката како се оправдува дадената доверба да се носи дресот на Пелистер Волеј.За атмосферата во тимот Александар Темелковски додава:-Расположението и сплотеноста, односно хемијата во екипата од ден на ден растат се повеќе и повеќе и секако дека оваа екипа не го кажала својот последен збор, зошто свесни сме дека има уште многу да се игра и затоа мора да сме максимално посветени и внимателни, притоа не потценувајќи ниту една екипа.

Ивана Белокозовска оствари 15 поени (4 блока), а притоа не забележа ниту една грешка од игра, како и средниот блокер Лиле Лозановска со 11 поени (3 блока) и само една грешка од напад што секако е за пофалба. На натпреварот Пелистет Волеј имаше 13 аса, дури 9 поени од блок и напад со 34 директни поени за кој статистиката покажа неверојатни 80% успешност.Поените ги освоија: Ивана Белокозовска 15,  Лиле Лозановска 11, Стефани Најдановска 6, Софија Проковиќ 5, Меланија Каралиоска 4, Билјана Јаковлевска 4, Антониа Стојковски 4, Марија Димитровска 3, Мила Андоновска 2, Ева Мијакова 1 и Евгенија Јовчева 1.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »