Пелистер – Башкими 4:0 (2:0)
По лошо време и тежок терен на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола екипата на Пелистер во рамките на 1. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, забележа сигурна победа над Башкими со резултат 4:0, полувреме 2:о.
Во 4, минута од натпреварот по центаршутот на Трајковски, Спиркоски погоди во мрежата на гостите и го отвори резултатот за 1:0. Во 39 минута со глава погоди Христов за 2:0 и заминување на одмор.
Второто полувреме поради обилните врнежи од дожд и снег се играше во лоши услови, а топката тешко се движеше по теренот. Нововлезениот Јошескиво 65 минута погоди за 3:0, Размоски Дарко во 92 минута од пенал го постави конечниот резултат 4:0.
По 13 одиграни кола екипата на Пелистер е на 3. мести на табелата со 27 бода. Лидерот Беса има 31, а второпласираната екипа на Детонит има 29 бода.
Фото: ФК Пелистер