Press "Enter" to skip to content

По тежок терен за игра Пелистер убедливо го победи Башкими во Битола

Пелистер – Башкими 4:0 (2:0)

По лошо време и тежок терен на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола екипата на Пелистер во рамките на 1. коло од Втората фудбалска лига на Македонија, забележа сигурна победа над Башкими со резултат 4:0, полувреме 2:о.

Во 4, минута од натпреварот по центаршутот на Трајковски, Спиркоски погоди во мрежата на гостите и го отвори резултатот за 1:0.  Во 39 минута со глава погоди Христов за 2:0 и заминување на одмор.

Второто полувреме поради обилните врнежи од дожд и снег  се играше во лоши услови, а топката тешко се движеше по теренот. Нововлезениот Јошескиво 65 минута погоди за 3:0, Размоски Дарко во 92 минута од пенал го постави конечниот резултат 4:0.

По 13 одиграни кола екипата на Пелистер е на 3. мести на табелата со 27 бода. Лидерот Беса има 31, а второпласираната екипа на Детонит има 29 бода.

Фото: ФК Пелистер

More from ВестиMore posts in Вести »