На вчерашната завршна обука во рамки на проектот “Намалување на дигиталната сиромаштија“ учествуваа ученици од “Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, средните училишта “Јане Сандански“ – Битола и “Таки Даскало“ – Битола и студентите од факултетот БАС – Битола, заедно со нивни професори.
Учесниците се запознаа со целите на самиот проект, членовите на тимот кој го реализираат проект, со активностите и резултатите од истиот. Учесниците имаа обука за тоа како се прави постер во алатката “Canva“ и подоцна натпревар за најдобро изработен постер на тема “Стоп за насилството врз жените“.
Учесниците работеа во тимови, секој тим претставувајќи го своето училиште. На крај беа доделени награди за прво, второ и трето место.
Активноста се реализираше во рамките на солидарниот проект “Намалување на дигиталната сиромаштија“ кој е финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност преку програмата на Европскиот солидарен корпус на Европската Унија.

Завршен настан од проектот „Намалување на дигиталната сиромаштија“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во поезијата на Љупчо Петровски, сега во Австралија, се чувствува носталгијата, но и гордоста што ја носи со себе
- Објавен конкурс за нови композиции, фестивал “Бисер на Јадранот” 2026, повик за пејачи, автори од Македонија
- СВР Битола: две лица приведени за марихуана, едниот е 16 годишник
- ЈП „Нискоградба“ партерно уредува зад зградата на СВР Битола
- Коњановски организира ифтарска вечер





