Press "Enter" to skip to content

Борис Гушевски нов студентски лидер на УКЛО Битола

Борис Гушевски, редовен студент во втора година на Техничкиот факултет во Битола е новиот лидер на студентите на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола. Тој е избран со тајно гласање на конститутивната седница на Универзитетското студентско собрание на УКЛО.

На седницата што се одржа денес во СИЦ, избрани се и членови на органите на УСС УКЛО и делегирани се претставници од студентите во органите и телата на Универзитетот: Ректорската управа, Универзитетскиот сенат и постојаните  Комисии на Универзитетот. Студентите донесоа и Одлука за објавување  Конкурс за избор на нов Студентски правобранител на УКЛО.

На новоизбраниот лидер на студентите и студентското раководство УКЛО им упати срдечни честитки за успешна реализација на Програмата за работа, што покрај поддршка за студентите е во насока на нивна поголема вклученост во студентското живеење и за позначителна застапеност во активности и проекти на УКЛО.

More from ВестиMore posts in Вести »