Press "Enter" to skip to content

Заврши “Политичка академија 2023“ на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола

После 10 модули на кои предаваа повеќе од 20 обучувачи во Битола забрши “Политичката акдемија 2023“ која ја организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, која започна на 24 0ктомври 2023 година. Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Мартин Ивановски за организацијата рече:-УМС Битола има потенцијал и изграден капацитет, а ВМРО ДПМНЕ и практично покажува дека младите се сериозни носители на промените и тие се пресудни за градење на профилот на модерниот политичар кој што политиката дефинитивно ќе ја практикува единствено во насока на унапредување на заедницата и јавните политики за подобрување на сите параметри кој го чинат квалитетот на животот на граѓаните.
 
 
Пет викенди, десет модули, повеќе од дваесет обучувачи имаа примарна цел, а тоа беше  активна вклученост на младите во донесувањето одлуки и креирањето и спроведувањето на јавните политики.
-Според легитимитетот и екпертизата на обучувачите дека оваа Политичка академија ќе донесе млади политичари – лидери со визија за подобра и поуспешна Битола и подобра и поуспешна Македонија, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
More from ВестиMore posts in Вести »