Press "Enter" to skip to content

Излезе од печат 13. број на “Современи дијалози“ на МНД Битола

Излезе од печат Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ бр. 13 за 2023 година со прилози од вкупно 75 автори и 8 ликовни уметници од земјата и од странство. Читателите можат да прочитаат поезија од: Николина Андонова Шопова, Ристо Василевски, Љубинка Донева, Владо Јаневски, Весна Мундишевска Велјановска, Раде Силјан, Веле Смилевски, Емилија Тодорова, Лулзим Хазири и Ивица Челиковиќ; проза од: Даниела Андоновска-Трајковска, Божин Андоновски, Трајче Кацаров, Мишо Китановски, Блаже Миневски, Атанас Чупоски; интервју на Диме Ратајкоски со палестинскиот писател Хасан Зактан; согледби, книжевна и театарска критика од: Анита Ангелевска, Иван Антоновски, Јованка Денкова, Милица Димитријовска Радевска, Сашо Димоски, Билјана Крајчевска, Катерина Момева, Ана Витанова-Рингачева, Игор Поп Трајков, Борче Панов и Елена Пренџова.

Во рубриката „Акценти“ застапени се прилози трибината за писателот Владимир Костов и за одбележувањето на 63-годишното постоење на Македонското научно друштво-Битола кое го раководи проф. д-р Невена Груевска, и за тематската вечер „Интерфест, тридецениски културен белег на Битола“ во организација на МНД, известувања за добиени меѓународни награди, како и текст од Добре Тодоровски во чест на писателот Радован П. Цветковски.

Во рубриката „Паралели“ посветена на меѓународната соработка, застапени се 46 автори од 33 земји: Саудиска Арабија, САД, Германија, Обединети Арапски Емирати, Белгија, Романија, Кореја, Шпанија, Полска, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија, Кина, Хрватска, Чиле, Србија, Италија, Бугарија, Израел, Доминиканска Република, Индонезија, Аргентина, Мексико, Словачка, Исланд, Естонија, Курдистан, Ирак, Пакистан, Австрија, Бангладеш, Велика Британија, Египет.

Корицата ја дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со скулптура од Витолд Закржевски од Полска (фотографија од Томас Вендланд од Полска), а во овој број на списанието објавени се илустрации од 8 ликовни уметници од РС Македонија, Албанија и Полска како најава за секоја рубрика.

Списанието е финансирано од Министерството за култура на РС Македонија, а го уредува редакција составена од ред. проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска (главен уредник), Весна Мундишевска-Велјановска, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска, доц. д-р Анита Ангелевска со помош на меѓународниот уредувачки одбор: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тсемин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), проф. д-р Михо Нонака (САД), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).

Во овој број на списанието со преводи на творби од странски автори соработуваа: Хајам Абдулхамид, Фатима Алхарти, Даниела Андоновска-Трајковска, Стенли Баркан, Ристо Василевски, Ана Витанова-Рингачева, Мери-Драјден Мајо, Жермен Дрогенброт, Надија Каванданах, Форест Мекмин, Лили Мултатулијана, Весна Мундишевска-Велјановска, Кејтлин Нагуен, Силвана Нешковска, Борче Панов, Здравко Стаматоски, Тор Стефансон, Снежана Стојчевска, Васил Тоциновски и Ко Чанг-су.        

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »