Press "Enter" to skip to content

Караванот “Не чекај, превенирај!“ со едукативна трибина на СДСМ во Битола! (фотогалерија)

Вечерва во Центарот за култура во Битола се одржа едукативна трибина во рамките на караванот “Не чекај, превенирај!“ која предизвика големинтерес, полна сала и одлична атмосфера. На трибината присутна беше министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, заменик престедателот на СДСМ – Сања Лукаревски, директоторт на агенцијата за спорт и млади – Наумче Мојсовски, хирургот Владимир Рендевски, советници, членови на СДСМ и симпатизари, како и претставници на коалиционите партнери.Присутните ги поздрави претседателот на на ОО на СДСМ од Битола – Драган Крајовски, кој рече:-Да го поставиме здравјето на прво место, а превенцијата е клучна заштита на здравјето и оттука навистина сум горд на нашата партија СДСМ како општествена и одговорна политичка партија која здравјето на сите го ставила на прво место и преку низа активности и трибини како што е вечерашната придонесува за зголемување на свеста за превенција на најчестите заболувања и кај мажите и жените. Пред болеста сме сите исти, болеста не познава партиска, верска, национална определба, пол. Пред неа, за жал сите сме немоќни и затоа треба навреме да се информираме, да ги слушаме советите на стручните лица и истите да ги применуваме. Затоа на оваа тема ќе слушнеме размислувања, совети од еминентни доктори.Во име на Форумот на жени на СДСМ од Битола пред присутните зборуваше претседателката Јадранка Павловска која рече:-Ми претставува чест што сум тука заедно со сите вас на трибината за подигнување на свеста на превенција од болести кои го загрозуваат женското и машкото здравје. Само со меѓусебна поддршка може значително да придонесеме да се спаси човечки живот. Во борбата против тешка болест потребна е поддршка. Како Форум на жени со низа активности, обединети, верувам дека го поддржавме “розевиот 0ктомври“ и се надевам дека нашите активности ќе го дадат посакуваниот резултат. Драго ми е што покажуваме континуитет во борбата за зачувување на машкото и женското здравје. Грижата за здравјето е исклучително важно. Горда сум што сме обединети и што во рамки на караванот “Не чекај, приклучи се, превенирај!“ иницираме здравствени прегледи за сите граѓани со цел да  ја подигнеме свеста за превенција од најопасните заболувања. Тоа е општествена одговорност, а вечерва го правим токму тоа.Модератор на трибината беше спец. д-р Елизабета Ивановска која се заблагодари на сите за можноста да се зборува за машкото и женското здравје, на говорниците кои покрај стручни совети и препораки, беа на располагање за сите важни прашања.Говорници  на едукативната трибина беа: асс. д-р Маја Манолева, заменик министерка за здравство, спец. неврохирург – проф. д-р. Венко Филипче, спец. уролог проф. д-р. Сашо Дохчев, спец. д-р. Елизабета Чипуровска, суб. спец. трауматолог проф. д-р. Христијан Костов и проф. д-р. Гордана Антулевска Белчевска.

More from ВестиMore posts in Вести »