На 28.11.2023 во 20,19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул. “Прилепска“ и ул. “Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51 годишно лице од Битола, удрило во 38 годишен пешак од Битола.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.