Press "Enter" to skip to content

Во МНД Битола промовирана новата книга на проф. д-р Александар Литовски (фото)

Во Македонското научно друштво Битола беше промовирана книгата “Идејните основи на борбата за македонска национална држава 1941-1944“ на авторот проф. д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја.Претседателката на МНД Битола прпф. д-р Невена Груевска ја позрави идејата промоцијата на највоната книга да биде во нивните простории и рече дека станува збор за вредно издание на авторот Литовски, кој е член на МНД Битола во одделението за историско-географски науки. На промоцијата за книгата и авторот зборуваше проф. д-р Роберто Трајковски кој рече:-Секој автор или здружение кои се занимаат со ваква работа мора таа да биде од корист на државата при подговките на своите политики. Од тој аспект во време на конфликти со соседите за национал историското наследство со постоење на паралелен историски дискурс во кои пливаат и наши историчари кои сами ја ревидираат нашата историја како и катадневните шовинистички изјави, од типот “вас ве создаде Тито“, “бас ве создаде Коминтербата“ или “вие постоите од 1945 година“ најповеќе треба да се вреднува најновото дело на Литовски. Книгата ќе биде од огромна корист за научниците и експерите од опшетвено хуманистичките области, но исто така таа е наменета за читатели кои не се толку запонати со настаните од тој временки период, кои сакаат на фактографски начин да се запознаат со македонската гордост за слобода и државност од тоа време, за време на Втората светска војна.Авторот проф. д-р Александар Литовски за најновото негово книжевно дело на промоцијата рече:-Ова сакав да не биде некоја формална промоција со многу зборување, а за книгата ќе додадам дека во книгата се работи за следење на сите идеи кои нашите државотворци, како јас ги викам, со нивната борба, со нивните идеи, со нивното залагање ја создале денешната Република Македонија.  Се обидувава да направам една анализа за нивната посветеност и за идеи на нашите државотворци, за дилеми, борби и залагање за создавање на денешната Република Македонија. Во книгата се разработени сите можни процеси кои влијаеле да се стигне до АСНОМ на 2 август 1944. Тоа е исклучително поучно за денешните процеси, потребно е политичка волја и политичка мудрост, за да се стигне до определни резултати, во однос на државноста, но однос на развојот на државата и во развојот на нацијата. Во време на Втората светска војна, може да се следат сите овие елементи како се кристализираа во текот од 1941 до 1944 годин. Секако никој нема готови решенија, а немаа ниту тие, но, како течеше борбата таке се расчистуваа многу дилеми се тргнаа и стигна до АСНОМ и создавањето македонска национална држава. Многу е важен уште еден елемент во цела работа, добро е што се направи сојузништво и бевме на правата страна на историјата. За да добиете било што во политиката, потребно е да се определите за правата страна, страната на победниците. Ако ги згрешите победниците, сте изгубиле се, а ги погодите, добивате. Нашите партизани тогашни беа на вистинската страна на историјата и тоа не смееме да дозволиме да ни го одземат, иако денес се трудат да кажат дека нешто грешно сме направиле, не е точно. Прв пат Македонците и Македонија беа на вистинската страна во една светска војна и затоа денес имаме држава, и затоа денес можеме за тоа да зборуваме.Книга е во издание на “Азбуки“ од Скопје и д-р Лазар Фотев.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »