Денес во Офицерски дома во Битола за одржа јавна панел дискусија со слоган “Заштити се! “ Зборувај гласно! со која Општина Битола, уште еднаш потврди дека локаната самоурава води посебна грижа за родовиот аспект во имплементацијата на програмите, како и за еднаквите можности на сите граѓани, и активно се вклучи во Кампањата која се спроведува на глобално ниво.
На јавната панел дискусија со слоган “Заштити се! “ Зборувај гласно! како говорници зедоа учество градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски, претседателката на Советот и претседателка на комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола – Габриела Илиевска.
Во своето излагање градоначалникот Коњановски во својот поздравен говор рече:
-Регионалниот советувалишен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство во Битола ја добива и ќе ја добива во иднина од Општина Битола, Советот на Општина Битола, а посебно од Комисијата за еднакви можности и нагласи дека иницирана е поддршка за развој на женското претприемништво, затоа што економската сигурност е од клучно значење во процесот на спречување на сериозни последици за жртвите на насилство.
Претседателката на Советот на Опптона Битола Илиевска рече:
-Она што ние како надлежност како Совет, прво морам да кажам дека е голема заслуга на советниците кои се членови на оваа комисија за еднакви права на жените и мажите каде одногласно пред една година беше едногласно усвоена одлуката дека Општина Битола ќе даде финансиска поддршка за отворање на ваков центар, но и благодарност до сите колеги советници кои што истата ја изгласаа. Потоа следуваше соработката со националната мрежа каде имаме партнерски однос заедно со невладината “Одраз“ и Општина Битола.
На панел дискусијата зборуваа и психијатарка во семејно советувалиште “Одраз “ и женски центар за поддршка Битола – Гордана Ристевска Димитровска, г-ѓа Елена Димушевска како претставничка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и Ирена Димовска жртва на семејно насилство.
Модератот на јавната панел дискусија беше Викторија Христовска, координаторка за еднакви можности во Општина Битола.
Инаку, во изминатата година помош од Центарот за поддршка на жртви на семејно насилство, побарале 29 жени и 28 малолетни деца.
Кампањата започна на 25 ноември со Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените и завршува на 10 декември со Меѓународниот ден за човекови права и е наречена 16 дена активизам против родово базирано насилство.

Јавна панел дискусија со слоган “Заштити се! “ Зборувај гласно! (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола го одбележа својот патрон (фото)
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Општина Битола: презентирани дел од решенијата за изработка на физибилити студија за голдола
- СВР Битола: четворица приведени за дрога, жена пријавила напад од жена, приведување за нарушен јавен ред и мир





