Денес националниот парк “Пелистер“ од Битола одбележува 75 години од прогласувањето за прв национален парк во поранешна Југославија. Одбележувањето беше со отворање на изложбата на “Убавините на Пелистер“ од Петар Ставрев, која е поставена во фоајето на Центарот за култура од Битола.На одбележувањето на денот на националниот парк “Пелистер“ директорот на националниот парк Пелистер, Малиќ Шемшедини рече:
-Во соработка со вработените и Ставрев се одлучивме да го организираме овој настан. Денес кога го одбележуваме денот кога пред 75 години Баба планина е прогласена за национален парк “Пелистер“ кој е значаен за Битола, не би сакал да зборувам за тоа во каква ситуација е паркот, а само ќе речам дека е добра. Една работа која посебно ми дава сигурност дека ќе продолжиме и поматаму да ги промовираме вредностите на националниот парк, ми даваат вработените кои ги затекнав кога ја презедов функцијата директор. Тоа се професионалци кои тука работат подолго време кои од срце се залагаат националниот парк “Пелистер“ да биде успешна приказна, не само за Битола туку и за државата. Затоа им благодарам на сите. Вратите на паркот се отворени за сите за нови идеи, за нова соработка, за се што е позитивно за паркот и ќе продонесе за развој.
Шумарски инженер од НП „Пелистер“ Зоран Пројчевски кратко се осврна на историјата на паркот и секако иднината.
-Националниот парк е прогласен во далечната во далечната 1948 година и е најстариот национален парк во поранешната држава. Одлучувачки вредности за прогласување се глацијалните езера, камените реки и секако моликата. Моликата ја има и на други балкански простори, односно во балканските држави, меѓутоа најкомпактна површина зафаќа на Пелистер. Исто така националниот парк има и други големи богатства голем број на цркви и манастири кои датираат од различно време кои допринесуваат за поголем број на туристи. Моментално националниот парк “Пелистер“ учествува во повеќе проекти, а во завршна фаза е изградбата на “зип ланј“, адреналински парк за деца и возрасни кои ќе придонесат за развој на туризмот. исто така се врши моноторинг на растенијата и животнитекои придонесуваат за зачувување на биоуниверзитетот на паркот.

Одбележани 75 години национален парк “Пелистер“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Општина Новаци по втор пат ќе субвенционира купување на клима уреди