Press "Enter" to skip to content

32 години ноќен клуб “Расчекор“ институција и не само битолски бренд кој трае

-Се чувствуваме силни со верба, енергија и жар да издржиме и следни 30 години, како во нашите почетоци, порачуваат од “Расчекор“, кој сам по себе е институија, бренд и успешна приказна,

Во крајот на ноември 1991, пред 32 години ноќниот клуб “Расчекор“ ги отвори вратите за битолчани. Ноќниот клуб “Расчекор“ временска машина каде поминале многу генерации, а ќе поминуваат уште многу… . За овие 32 години ноќен клуб “Расчекор“ значи бренд за добра забава… Клуб низ кој пеееле и ги забавувале гостите многу музички звезди, ди-џеи, од нашата земја, од Балканот, од светот… бидејќи  вообичаено сите години наназад за битолчани каде и да се низ градот, забавата после 23 часот да продолжи во “Расчекор“.

Сопствениците браќата Марио и Игор Трифуновски, за овие 32 години постоење ноќен клуб „Расчекор“ ни кажаа:-На 27 ноември за време на викендот по повод големиот 29 ноември- празник на СФРЈ , го отворивме “Расчекор“, со свечена забава.  Името “Расчекор“ кое е веќе 32 години, симболично означува  расчекор во секаква смисла како  во општествени норми, правила, традиција, физичка, психолошка со еден збор временска машина низ која во овие 32 години поминаа голем број битолчани од повеќе генерации, но и други гости пошироко. Можеме слободно да кажаме дека “Расчекор“ е единствен од малкуте во светски рамки кои сите години се наоѓа  на исто место, исти сопственици,  а дел од вработените работат скоро цел период на постоење…

Многу битолчани се забавувале, вљубувале, правеле мајатапи, битолски шеги, анегдоти, случки се случувале тука. ВИП место каде излегувале биточлани, но и од цела Македонија и регионот, гастарбајтери, политичари, бизнисмени… Ова е единствено место. бренд за ноќен живот кој беше прогласен за најуспешен ноќен клуб за нашата држава, во целиот географски регион. Неколку пати беше реновиран и прошируван. Најпрво во 1990 година се проширува со модерна тераса со стакленик. Потоа во 1996 година повторно  големо преуредување. Подоцна ои други за да  “Расчекор“ го добива својот лик, по кој е препознатлив денес. Ноќен клуб “Расчекор“ е институција која растеше во овие  32 години. Денес ноќен клуб “Расчекор“ е модерно технички уреден и опремен по најсовремени текови за клубови како светло, звук, ефекти, вентилација…

Сопствениците и персоналот се горди на тоа што гости кои доаѓаат од првиот ден на отварање, а доаѓаат до ден денес. Тие ќе бидат дел од  роденденската прослава која е закажана за вечерва.

Жанета Ристевска