Press "Enter" to skip to content

“Празници се ближат“, кафе-слаткарници “ГТ“ со нови изненадувања за сезоната која доаѓа (фотогалерија)

Ни доаѓаат празници… зимските празници и слави. Велат дека не случајно во овие зимски месеци кога нама доволно сонце и светлина, уште многу одамна започнале традиции на слави, на некој начин  да се надминат негативните чувства на т.н зимска депресивност. Со вкусна храна и слатките задоволства кои влијаат позитивно на расположението.Кафе слаткарниците “ГТ“ подготвено за празниците кои ни се ближат. Слатки изненадувања за периодот кој доаѓа. Голем избор на посни слатки и колачи за деновите на пост. Слаткарниците “ГТ“ со голем асортиман торти, слатки десерти декорирани по нови трендови во декорирање.

Вие само замислете си ја роденденската торта, или торта за друга прилика и ние ќе ви ја направиме велат од слаткарници “ГТ“.Прекрасно  декорираните торти во најразлични димензии. Ги има и во најмала димензии украсени секако најдобар подарок за различен повод. Роденден, слава или друга прослава.Ве покануваат од слаткарница “ГТ“, да ги посетите за празниците, со големиот избор на кафе уживате со сите сетила во слатките и десертите.Слаткарници “ГТ“ во Битола, кај Камен мост и наспроти “Веро“ на Широк Сокак.