Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“: “Стентон Градба“ предизвика дефект на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување во “ниската“ зона на Битола

ЈКП “Водовод“ од Битола ги известува граѓаните дека при изведба на градежни активности, од страна нa изведувачот “Стентон Градба“, предизвикан е дефект на водоводната мрежа на ул. “Стив Наумов“ (потег од ул. “Климент Охридски“ до ул. “Нико Фундали“).

Екипите на ЈКП “Водовод“ – Битола се на терен и работат на побрзо отстранување на дефектот.

Поради дефектот кој што настана на ул. “Стив Наумов“, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од НИСКАТА ЗОНА ( ПОНИСКИТЕ ДЕЛОВИ ОД ГРАДОТ ).

More from ВестиMore posts in Вести »