Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хроничен панкреатитис

Од д-р Васил Чипуровски добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.

Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за хроничен панкреатитис, за што вели:

-Хроничен панкреатитис е хроничнен инфламаторен процес на панкреасот кој се карактеризира со иреверзибилни морфолошки промени. Хроничниот панкреатитис е два пати почест кај мажите во споредба со жените и е почесто асоциран со зголемена конзумација на масти и алкохол.

Етиолошки најчеста причина е хроничниот етилен абузус, идиопатски е во 1/3 од случаите, другиот  дел припаѓа на вроден фамилијарен панкреатитис и хроничниот панкреатитис од билијарна етиологија и хиперпаратироидизам. Клинички  хроничниот панкреатитис  се манифестира со силна болка после прекумерен внес на алкохол и мрсна храна која е локализирана епигастрично со ирадијација под двата ребрени лака кон грбот, гадење, мастна стеатореја и малапсорбција на масти со губење на вит К,А,Д,Е и слабеење, повраќање и типична колено -лакотна анталгична позиција на пациентот, лабораториски скок на ЦРП амилаза липаза леукоцити во крвта на пациентот.

Хистолошки постои панкреасна инфламација со фиброза, мастна инфилтрација опструкција од калкули во панкреатичните канали и стриктури на панкреасните канали со последователна болка и дилатација на вирсунгови канал. Компликација е и развивањето на дијабетес мелитус тип 2 со дијабетесна невропатија, развивањето на хроничен холангитис и секундарна билијарна цироза  поради екстрахепатична билијарна опструкција на хокедохусот од фиброза на главата на панкреасот.

Во дијагностицирањето покрај анамнезата значајно е и ехографијата на абдомен на која можи да се види хиперехогена структура на панкреас Едеми цисти и псеудоцисти, абсцеси како и калцификати и дилатација на вирсунгови канал КТ или МРИ на абдомен и златен стандард е  ЕРЦП   или перкутана вирсунгогрсфија.

Терапијата се состои од третман на болка малдигестија и компликации на хроничниот панкреатитис и хигиенодиететски режим ординирање аналгетици, Х2 блокатори, панкреатични ензими, кај потешки случаи во развиените медицински центри има примена и на хируршки методи како латето латерална панкреатикојејуностомија, операција и дренажа на панкреасни псеудоцисти и абсцес, пункција на асцитес итн.