Победа – Пелистер 0:2 (о:1)
Во рамките на 14. коло од Втората фудбалска лига на Македонија во Прилеп се одифра пелагониското дерби помеѓу Пелистер од Битола и домаќинот Победа. Победник е Пелистер кој со нови три бода ја продолжува борбата за пласман во Првата лига.
Пелистер поведе 0:1 со голот на Бојан Спиркоски во 40. минута, а Јованчо Трајковски во 74. минута ги постави конечните 0:2.
Пелистер со овие три нови бода се наоѓа на третото место со вкупно 30 бодови, а лидер на табелата е екипата на Беса со 37 бода, пред второпласирана екипа на Детонит ос 32 бода. на четврто место е Охрид со 23 бода.