Press "Enter" to skip to content

Утре, петта по ред акција за пошумување на “Зелев Баир“, ќе се засадува над Кркардаш

Граѓанската иницијатива “Зелен Баир“ од Битола заедно со невладината организација “ЦЕРИ“ од Битола, утре, недела, на 3 декември, од 11:00 до 13:00 ја организира петтата по ред акција за пошумување на ридот над “Баир“,  над месноста Кркардаш.

-Во овогодинешната акција ќе треба да засадиме повеќе од 800 зимзелени садници од црн бор и помошта од сите битолчани ни е повеќе од потребна. Зборно место за вклучување во акцијата е платото над црквата “Св. Четриесет Маченици“ во периодот од 11 до 13 часот. Ние како организатори веќе ги обезбедивме садниците, оние кои сакаат да вклучат во акцијата да си понесете алат за садење, велат организаторите, кои додаваат: -Ова е една акција кој ни е посебно драга зошто е обид да направиме промена. Клучот на успехот на ваквите акции е континуитет, истрајност и упорност, а ние садиме веќе пет години, на исто место, некогаш повеќе некогаш помалку, ама садиме.

Покровител и спонзор и на оваа петта акција за пошумување се “БВ бизнис груп“ како општествено одговорна групација на компании ja препознаа заложбата за ревитализација на зелениот појас над нашиот град.

More from ВестиMore posts in Вести »