Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со дожд, од утре заладување

Денес, недела, 3 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со можен повремен дожд. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој од пладне ќе го промени правецот во северен. Максималната температура во Битола ќе биде до 14 степени.

Утре, понеделник, 4 декември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Максималната температура во Битола ќе биде до 6 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »