Press "Enter" to skip to content

Интервју: Мими Марковски, музичар, водител, новинар од Битола: “југото“ медуим со урбани ликови е во прв план (фотогалерија)

Жанета Ристевска

“Југото на Мими“ медиум каде се промовираат урбани ликови од Битола со голем “инфлуенс“. Разговор со Мими и овојпат промена на  улогите наместо да прашува, зборуваше за себе. Непосреден, спонтан, автентичен. Го започнавме интервјуто со фотографирање “кај авионите“ над Битола, за да  продолживме со разговорот во “југото“, а завршивме со кафе муабет на Широк Сокак. Многу  интересен разговор низ кој зборуваше за себе и за се она со што се занимавал досега, професионално.Мими Марковски  музичар, композитор, аранжер, аудио техничар со сопственото музичко студио „ГИМЕЛ“. Завршил насока диригент на хорско пеење. Се пробал во новинарство, бил водител во телевизиите “ХДТВ Мега“, “Орбис“, “Тера“. Потоа маркетинг менаџер во неколку компании меѓу кои “Голд Фелиција“… Денес фриленсер и извршен продуцент во “Радио 106“.Започна спонатано:

-Сите  кога влегуваат во “југото“, најпрво  разговорот се води околу тоа колку троши, каде ќе возиме…затоа сметам дека “југото“  е во прв план. “Југото“ стана препознатливо со разговорите со моите гости на “You tube“, има голем број прегледи, коментари, секвенци се пренесуваат на “Тик ТОК“, “Инстаграм“, ме тагнуваат на стори со слики пд него. Идејата за овој тип на интервју во живо би рекол ми е од поодамна, но се случи пред неколку месеци, сосем случајно.

-Во моето студио пејачката Кики Плиш која пее во кабарето на “Голд Фелиција“, сними кавер на песна во моето “Гимел студио“. Кога требаше да се испромовира песната, таа ми побара некој друг начин или формат за промоција. Кажав само дека имам  идеја. И така се случи. Ја снимивме емисијата. Го наместив мобилниот телефон напред со предна камера. Интересен муабет и на еден начин излезе еден вид интервју. Кога ја прегледав снимката знаев дека е нешто преинтересно. Така и беше кога се објави, реакциите беа многу позитивни. Веќе следниот ден направи бум на социјалните мрежи. Имаше голем број коментари, шерови. Прашуваа дали е тоа нова музичка емисија и кој ќе биде следниот гостин.  Потоа и не требаше да барам личности. Сите кои сум ги прашал досега да ми бидат гости, се согласиле да снимаме. Потоа заради големиот број прегледи, се јавија и спонзори кои ме подржуваат во однос на гориво, одржување на југото, техничката опрема за снимање, моето здравствено осигурување…Работата која ја работев како водител и новинар во битолски телевизии ми помогнаа многу. Тука ќе кажам искуството од “ТВ Тера“ каде научив многу во однос на дикција, правилно изговарање на вокали, читање. Школа која ме донесе на ова ниво. Но покрај овие искуства и  ќе кажам само дека, што се не сум работел досега.Но, да започнеме од почеток, започна за себе…

Детсвото го помнам како нешто најубаво. Играв во дворот на црквата “Св. Архангел Михаил“. Јас сум првото бебе кое е крстено таму, бидејќи дотогаш крштевања имало само во цркавата “Св. Димитрија“ во центарот на Битола.Немаше мобилни телефони, технологија, социјални мрежи…

-Роден сум 1991 година. Растев “Довлеџик“ во куќа која е изградена, уште  пред да постои катастар како орган во Битола.  Детството весело, безгрижно, најубаво. Немаше мобилни телефони, технологија, социјални мрежи… Растев во дворот на црквата Св. Архангел Михаил бидејќи мојата куќа е веднаш до црквата. Куќа тврдина како ја викам со дебели зидови. Стара куќа која претходно била воденица. Се гордеам што живеам тука.. Исто така јас сум првото бебе кое е крстено во цркавата “Св. Архангел Михаил“ и се разбира ме крстиле Михаил. Но, подоцна за сите бев Мими, бидејќи како мал ми беше полесно за изговарање. И до ден денес сите ме знаат како Мими, дури и мајка ми така ме вика. Но, сега и како Мими со Југото.Бев одличен ученик, но многу немирно дете. Класната велеше: „Не можеме  чарето да ти го најдиме, со сите петки си, ама многу немирен“.  

-Основно училиште  завршив во ОУ “Елпида Караманди“ бев одличен ученик, но со немирен дух.  Сакав музика и по цел ден ја слушав. Учев клавир од 10 години, одев на приватни часови. Како мал имав еден касетофон  да снима од една на друга касета, не знам како успевав го “кинев“ вокалот на песните. Така навлегуваав во музиката, ме интерсираше како се прави ритамот. Затоа и се запишав во Средното Државно музичко училиште во Битола. Тука бев одличен ученик кој скоро цел ден како и другите го поминуваваме на училиште. Како тинејџер се разбира барав правда и бев бунтовен, но на правилен начин, барав правда организирав т.н.штрајк за класот и промена на распоред, бидејќи поминувавме и по 12 часа на училиште, теорија и пракса. Но, училиштето ни овозможи  „уметнички“ начин на живот. Одевме по концерти, изложби. Така буквално бевме цело време по Широк Сокак на различни настани. Тоа ми овозможи да присуствувам на многу настани и запознаам многу личности од различни сфери на уметноста во Битола, но и пошироко. Тоа ми беше драгоцено искуство понатаму. Подоцна се запишав на факултет за музичка уметност во Штип.  Отидов буквално од поголем град во помал и помирен. Периодот го помнам по  дружбите со студенти од цела Македонија. Градот живееше за фестивалот “Мак фест“. Тој период 2009/10 беше најдобриот период на фестивалите “Мак фест“ од каде произлегоа многу македонски хитови и изведувачи. Ние од факултетот одевме на пракса за да учиме како се мести аудио озвучувањето, оркестарот и слично.Како мал имав еден касетофон каде можев да снимам од една на  друга касета, незнам како успевав го кинев вокалот на песните. Тоа време и самиот не знаев,а всушност  правев матрици. Така навлегуваав во музиката, ме интерсираше како се прави ритамот и се друго.-Сега професионално правам матрици во моето студио “Гимел“. Во  2010 година  го отворам своето музичко студио “Гимел“. Името “Гимел“ доаѓа и означува термин во музиката. Имено во XII, XIII  век  кога се развивала музиката постоело едногласие, сите пееле во еден глас. Подоцна се раздвоиле во два или три гласа. Тоа раздвојување во три гласие означува “Гимел“ (ова за да појаснам од каде е називот). За време на короната работев во студиото на голем број проекти. Од тој период се проекти заедно со “Дрим каст продукција“, театарската група “Солза и смеа“. Сите песни, спотови како “Марија меси кифлиња“, скечеви, аудиото за филмот  се снимаа во моето студио.Компонирам, аранжирам музика, пишувам текстови, оваа година кога се објави конкурсот за „Ех таа серенада“ решив да се пријавам

-Заедно со Миодраг Нечак Микс направивме голем број песни. Се опробав и во пеење. Оформив група „Гимел“ заедно со девојките Марија и Ирена. Учествувавме на фестивали како  “Канео фест“ и “Охрид фест“. Кога се објави конкурсот за Фестивалот на серенадата “Ех таа серенада“2023 година решив да се пријавам. На огласот пишуваше “Се бараме песни со звук на серенади, но добредојдена и секоја алтернатива“. Се фатив на тој збор “алтернатива“. Решив да направам песна во друг ритам, но два месеци ништо не ми доаѓаше… Инспирација за песната ми светна три дена пред завршување на огласот. Пратив серенада со асимтричен ритам која се вика “Пајтонџија“. Помина на конкурсот помеѓу 80 серенади. Многу убав момент за мене кога ми честита Петар Ѓорѓиевски – Калица.Нема нешто поблагословено од тоа денот да ти започне со музика… без телефон, првото утринско кафе го пиеш со музика

-Цел ден ми е исполнет со музика. Пуштам музика од 11 – 17 часот и во вечерните сати на Радио 106. Секогаш за себе велам: не можам да функционирам да работам од рано наутро до 16 часот и потоа се затворам дома да одмарам. Моментално сум фриленсер. Работам во “Радио 106“, како извршен продуцент, техничка поддршка за звук во “Europe house“, работам и со хорот “Ава“ во центарот за музика “Коруновска“.

Идни планови

Со “југото“ ја започнавме втората сезона, бидејќи направивме пауза преку летото. Заради летните одмори, а и нема клима југото. Сакам  да “излези“ “југото“ и надвор од Битола со личности, од  уште 2,3 града на пример Скопје,Охрид, Струмица… правам напори и би требало  некако да ги организирам.  И би сакал и трета сезона, но не размислувам долгорочно. На социјалните медиуми се се случува брзо… Не знам како ќе прераснува замислата со нови интересни содржини и медиуми. Кој знае може и да се засити народот.За крај “Со љубов од битолчани за Битола“

-Голем локал патриот сум. Би кажал само дека сето ова што го праваме, јас а и Вие како портал може да се нарече “од битолчани со љубов за Битола“. На еден начин многу си го сакаме градот и преку нашата работа да промовираме битолчани на најдобар начин,  им возвраќаме.Само би завршила вака, секој човек има своја успешна приказна да ја раскаже. Зависи само од тоа на кој начин ќе ја раскаже. Мими Марковски тоа го прави на оригинален и автентичен начин, низ различни уметности, излегувајќи од рамките. За битолчани кои го сакаат својот град, кои и придонесуваат тој да се промовира, ќе пишуваме и понатаму. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ИнтервјуMore posts in Интервју »