Press "Enter" to skip to content

Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола

Синоќа пред поголем број на љубители на уметноста, во организација на КИЦ Битола , а со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола беше отворена изложбата на мозаици од академик, Газанфер Бајрам, по повод 50 – години непрекинато творештво.На изложбата презентирани се 50-тина мозаици кои со својата енергија зрачат со експресија и пркосат на времето, потврдувајќи дека уметноста е вечна.Пред присутните се обратија директорката на КИЦ, д-р Лили Бошевска, градоначалникот на Општина Битола – Тони Коњановски, а беседа за изложбата и авторот одржа академик Владо Камбовски.Академик Камбовски меѓудругото кажа дека „Бајрам создава ликовна претстава за светот во кој живеее со трајни елементи што ќе опстојат со милениуми, затоа што и настанале пред милениуми во некој безизразен скаменет облик, пред да ги допре мајсторската рака на уметникот, давајќи им смисла и живот, стремејќи се кон разгатнување на бесконечноста што не опкружува како огромен мозаик на четирите елементи на космосот – земјата, водата, воздухот и огинот…“На крај, присутните ги поздрави акад.Бајрам кој изрази задоволство што е во Битола, помеѓу љубители на уметноста во град како Битола, а посебна благодарност искажа кон неговиот колега битолчанецот Тони Николовски и неговото семејство за ангажманот околу организацијата на изложбата.Инаку, академик Газанфер Бајрам дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград во 1974г., каде магистрирал, а специјализирал на Академијата за убави уметности во Равена, Италија. Автор е на неколку монументални мозаици, меѓу кои и шесте мозаици во големата сала на Собранието на Република Македонија, Аеродромот во Скопје, Анкара, Турција и др.Изложбата е пропратена со извонреден колор каталог на 40 страници во кој се репродуцирани поголемиот дел од изложените мозаици.   Изложбата ќе трае до 10 декември 2023 година.

Фото: КИЦ Битола

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »