Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: санкционирани 10 возачи под дејство на алкохол

Во текот на изминатата вечер  (02/03.12.2023)во периодот од 23.00 до 05.00 часот на територија на Битола спроведена е локална акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 10 возачи на подрачјето на Битола.

За време на контролата биле алкотестирани 170 возачи при што присуство на алкохол е констатирано кај 10 возачи. при контролата санкционирани биле и 8 други видови прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

More from ВестиMore posts in Вести »