Press "Enter" to skip to content

Форумот на жени на СДСМ Битола дел од кампањата “16 дена активизам…“ под мотото “Сакам СЛОБОДНО да се движам“

Форумот на жени од СДСМ од Битола оваа година кампањата “16 дена активизам против родовото насилство“ ја спроведува под слоганот “Сакам СЛОБОДНО да се движам“.-Кампањата која трае 16 дена секоја година, е главниот двигател и потсетник дека ниеден учесник во општеството не смее да остане само на заложби кога е насилството врз жените во прашање. Спротивно, кампањата не потсетува дека е потребна акција од сите, и таа е потребна секој ден. Затоа заедно со Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска – Стојчевска, на симболичен начин преку пораки сакаме да ја подигнеме општествената свест и да поттикнеме на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, со слободно движење низ Широк сокак и Градскиот пазар, рекоа од Форумот на жени.Потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со членките и активистки на Форумот на жени на СДСМ во Битола, низ Широк сокак и Градскиот пазар поделија летоци со пораки и СОС телефонски линии во рамки на Кампањата 16 дена активизам против родовото насилство, и при тоа рече: СДСМ со свои активности и оваа година придонесува во подигнување на свеста за насилството врз жените и одговорноста на секој поединец во борбата против кршењето на основните човекови права и слободи. Не само во овие 16 денови, туку 365 дена во годината СДСМ останува фокусиран на заштитата на правата на жените и девојчињата и елиминацијата на секаков облик на дискриминаторско однесување. Политиките на Владата предводена од СДСМ во континуитет се насочени кон родова еднаквост, еднакви можности, унапредување на правата на жените, подобрување на животниот стандард и нулта толеранција за дискриминација. Го подобруваме животниот стандард на граѓаните, а со тоа особено на жените имајќи предвид дека половина од работоспособното население се жени и тие доминираат меѓу примателите на минималната плата. Посебни мерки и политики се креирани за започнување на сопствен бизнис од страна на жените, како и неповратна помош за жени земјоделки. Донесовме законски измени со кои правото на детски додаток и образовен додаток за децата им се исплаќа на мајките. Отворивме и поддржавме 16 нови сервиси за жртви на родово базирано насилство, рамномерно распоредени во сите плански региони во државата.Во Битола беа поделени флаери со пораки и СОС телефонски линии, а Форумот на жени на СДСМ Битола нуди бесплатно правни совети, од нашиот сектор за правда, секоја среда од 18⁰⁰ до 20⁰⁰ часот.

More from ВестиMore posts in Вести »