Куманово – Пелистер Волеј 0:3
(12:25; 10:25; 09:25)
Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола продолжуваат со одлична игра и со леснотија, за помалку од еден час игра, победија на гостувањето во Куманово против истоимената екипа ОК Куманово.
Оваа победа на Пелистер Волеј е вредна нови три бода со кои и по 7. коло Пелистер Волеј останува на чело на табелата.
Шанса добија сите играчи, а поените ги освоија: Стефани Најдановска 14, Мила Андоновска 12, Лиле Лозановска 8, Меланија Каралиоска 8, Билјана Јаковлевска 6, Софија Проковиќ 2, Ева Мијакова 1, Христина Трајчевска 1 и Јована Симоновска 1.