Press "Enter" to skip to content

Работилница на НП “Пелистер“ Битола за управување со шумите во шумската единица “Вртешка“ (фото)

Денес во просториите на Информативниот центар на националниот парк “Пелистер“ од Битола се оджува работилница на тема “Усогласување на пректиките за управување со шумските планови за шумската единица “Вртешка“ со Планот за управување со НП “Пелистер“, на која учестуваа вработени од “Пелистер“ и од други нацинални паркови.Тука беа вработени и дел од менаџерски тимови на националните паркови “Галичица“, “Езерани“, “Маврово“ и “Шара“, државниот инспектор за шумарство, професори од Шумарски и Природно математички факултет, а на работилницата беа прикажани резултатите од активностите од проектот “Оперативен план 2021 – 2023 – фондација ПОНТ“, кој заедно со вработените и професорите кои беа вклучени, успешно е завршен.Пред презентациите на резултатите, на присутните им посака добредојде, и им се обрати како домаќин директорот на НП “Пелистер“ – Малиќ Шемшедини.-Ви благодарам на сите за присуството кај нас во Националниот парк “Пелистер“, а воедно сакам да ви честитам за успешно завршените активности од проектот “Усогласување на пректиките за управување со шумските планиви за шумската единица “Вртешка“ со Планот за управување со НП “Пелистер“. Преку овој проект и со соработката со професорите успеавме да ги спроведеме најдобрите практити за управување со паркот. Ова секако немаше да биде успешно ако не беше посветеноста на шумарските инженери од паркот и на колешките кои беа вклучени, а нивното знаење и стручност имаат главна улога во управувањето на оваа прекрасна природна убавина. Сето ова има големо значење во зачувувањето на еко-системот, разновисноста и заштита на шумите во паркот, и имате продонес во добрите практики за одржување на ресурсите, кој додаде:-Иако сум кратко на чело на НП “Пелистер“ ги продолжувам сите проекти. Сакам да ги споменам двата проекти од пограничната соработка со Грција кои ги имаме, а тоа е успешното заршување на проектот “Адвентур за развој на туризмот“ кој е голема инвестиција во однос на нашето скромно искуство. Преку различни содржини како што е парк за деца и возрасни, зип-линија се инвестира во развој на инфраструктурата, понудата за посетителите и маркетингот. Со сето ова го ги подобривме условите за да го направиме нашиот Пелистер уште попривлечен и подостапен. Вториот проект “Превент“ кој е многу битен и се однесува на детектирање на пожари, поплави и други ризици. Овој проект е значителен чекор напред при заштита на нашите природни ресурси од пожари. Со овој проект се изработени планови и мерки за намалување на ризикот и брза интервенција при случаи на пожари. Овој проект не е само инвестиција туку е израз на нашата одговорност кон природата.Експертот за шумарство проф. д-р Николчо Велковски од УКИМ – факултет за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг имаше презентација на тема: “Ревитализација на изданкови и деградирани шумски насади преку примена на еколошки прифатливи практики и модели.Втората презетантација беше на експертот за екологија проф. д-р Славчо Христовски  од УКИМ – природно математички факултет – Институт за биологија на тема: “Значење на мртвата шумска дрвесина за зачувување на биолошката разновисност при управување со шумите. 

More from ВестиMore posts in Вести »