Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: дали е вашето дете зависно од игри на компјутер?

Војни, акција, насилство, борби, пукање ваква тематика ги окупира денешните деца, но и возрасните гејмерии и ги вовлекува во еден нов виртуелен живот на возбуда и победи. Моментално најпопуларна „League of Legends“ – LOL, „Warcraft“.

Граница помеѓу зависност и игра е многу мала. Денес 2-3 часа, а потоа 5-6 часа дневно.

Ако вашето дете премногу време поминува  во играње игри на компјутер едно неодамнешно истражување покажало дека треба да бидете загрижени. Имено децата за кои се смета дека се „опседнати“ со видео игри можат да станат зависни од нив. Меѓународен тим на истражувачи испитувале  околу 3.000 ученици од основни и средни училишта во текот на две години и утврдиле  дека најголеми проблеми имаат оние кои најповеќе време играле игри на компјутер. Оваа е прва студија која покажува дека децата кои влегле во патолошко играње им се зголемува нивото на депресивност, нервоза и социјална фобија. Кога престанале да играат овие симптоми се намалиле.

Истражувачите во студијата ги нарекле патолошки играчи оние деца кои се зависни од игри. Таа група играла видео игри околу 31 сат неделно во споредба со нивните врсници кои играле 19 часа неделно. Кога  две групи биле споредини студијата покажала дека првата група деца биле поимпулсивни и имале послаба комуникација со врсниците бидејќи трошеле време на видео игри. Логично е дека детето кое е депресивно и нервозно ќе сака повеќе да игра игри бидејќи тој свет е безбеден и таму каде ќе се ослободува од депресијата и нервозата. Но, истражувањето покажало дека одвикнувањето од игрите ги намалува и симптомите.

Родителите најголема одговорност во контролата

Играње на компјутерски игри станаа популарен начин  на поминување на слободното време за децата, тинејџерите и возрасни (гејмери). Сега веќе и играњето на компјутерски игри се смета за важен дел од развојот на децата и тинејџерите. Зарди тоа важно е колку време детето поминува зад компјутерот во секојдневниот и неделниот ритам. Мора да се земе во предвид дека што е помало детето толку е поголема одговорноста на родителот за поставување на граници колку детето ќе поминува на компјутер. Родителите претставуваат модели на однесување н своето дете и важно е да разберат дека децата го копираат нивното однесување.Да се зголеми контролата кај помалите деца

 Ако ние како родители возрасни поминуваме многу од слободното време на компјутер тогаш тешко можеме да очекуваме дека детето ке ги почитува временските рамки.

– Децата од предшколска и  школска возраст. Родителите  треба да се организираат и заедно со своите деца да следат активности на компјутер. На тој начин родителите го контролираат  содржините на кои им пристапуваат децата и само така  им даваат модел на однесување.

-како што децата растат важно е да им се препушта одговорноста за времето поминато на компјутер.

-Заради  тоа  децата од завршните класови веќе треба да имаат изградено чувство колку време ќе поминуваат во играње на игри.

Спрема некои истражувања се смета дека ако децата поминуваат повеќе од 5 часа дневно на компјутертие  во голема мера се во опасност да развијат или веќе развиле зависност.

Позитивни и негативни влијанија од играњето на компјутерски игри

Играње на компјутерски игри може да им помогне на децата да развијат вештини кои им се потебни понатаму во животот. Играњето на компјутерски игри ги подобрува:

-окуломоторните вештини

-спацијалните способности

– ја развиваат фантазијата

Позитивно влијаат на :

-визуализацијата на различни облици

– подобрување на резултатите по математика посебно во област на геометријата.Покрај позитивни аспекти на комјутерските игри постојат и негативни влијанија

Имено играњето на игрите е доведено во врска со опсесивно и зависничко однесувње со некои симптоматични однсување на:

-насилство

-промени во личноста

– емоционалана затупеност

– хиперактивнст

-проблеми со учењето и успехот на училиште

Важно е да се истакне  и увиди дали играњето  на компјутер има лошо влијание врз учењето и успехот или оние ученици кои имаат проблеми со учење се посклони да поминуваат повеќе време на компјутер. На тој начин ги  компензираат недостатоците од реалниот живот со успех во виртуелниот свет на игрите.

Предолгото седење на компјутер влијае на спиењето и сонот кои се порметуваат, пореметување на концентрацдијата,и појава на депресивност. Колку се помали децата тогаш игрите се повеќе делуваат на психата на детето и не може да се разликува реалниот од виртуелниот свет.

 Игрите „момо“ и „бабичка“со хорор ликови, лесно достапна онлајн и за помали деца. Тие имаат  негативно влијание со тоа што кај некои деца се јавиле зголемено чувство на генерализиран  страв, вознемиреност, несоница. Сето тоа е резултат на  неспособност кај помали деца да се  направи  разлика помеѓу реалност и виртуелниот свет. Родители побараа помош кај стручни лицазаради лошо влијание играта врз однесувањето на детето.