Press "Enter" to skip to content

Специјален едукатор и рехабилитатор…

Самиот почетен збор на нашата професија Ви го покажува и почетокот на тоа од каде и зошто сме ја избрале токму оваа за животна професија со која ќе се занимаваме. Со изборот на оваа професија Вие избирате да бидете и станувате некој специјален, специјален човек за општеството!Што тоа значи?

Toa значи дека сте избрале професија најблагородна меѓу професиите, професија со срце како планина. Би ја цитирале мајка Тереза и би рекле:

-Можеби сите не можеме да правиме големи дела, но можеме да направиме мали дела со голема љубов.Токму тоа го прави специјалниот едукатор и рехабилитатор секојдневно, прави мали чекори, но во тоа вложува голема љубов. Ги сакаме децата, книгите и цвеќињата. Се запрашувате, од каде таа поврзаност помеѓу нив? Децата се неиспишана книга, а Вие сте оние кои ја пишуваат нивната животна приказна, тие се цвет кој треба правилно да се полева и негува за тој постојано да цвета и расте. Секој миг го искористуваме за поминување на квалитетно време со децата. И сметаме дека доколку имате градина и библиотека имате се што Ви е потребно.Интересен и необичен спој кој го применуваме како метод во работата со децата со посебни потреби и од кој се добиваат неочекувани позитивни резултати. Топло препорачуваме да пробате! Исклучиво горди сме што сме основачи на Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“ и наша цел е со својата работа, вложеност и максимална посветеност заеднички да придонесеме правилно да се стават на свое место сите делчиња од сложувалката кои претставуваат делови од животот на лицата со попреченост.

Го честитаме 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост и апелираме сите заедно да допринесуваме секој еден ден да им биде весел и посебен! Нека се соедини сложувалката во едно огромно СРЦЕ!Со почит, Тимот на Центар за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“, м-р Сузана Станоевска специјален едукатор и рехабилитатор – биофидбек терапевт,  Ивана Карајанова специјален едукатор и рехабилитатор, Драгана Кирковска специјален едукатор и рехабилитатор – биофидбек терапевт,  м-р Тесалија Жирова специјален едукатор и рехабилитатор – тифлолог,  Наташа Бајовска специјален едукатор и рехабилитатор – логопед.