Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска за прв пат настапи во спуст и освои FIS бодови во Вал Гардена, Италија

Ева Милевска, членка на скијачкиот клуб Пелистер од Битола, викендов го имаше својот прв настап во најбзата скијачка дисциплина во FIS конкуренција на спуст патеката во Вал Гардена во Италија.

Милевска на својот прв настап ги освои и првите бодови во женското скијање во најбрзата дисциплина.

-Мојата желба да настапувам во најбрзата скијачки дисциплина ми се оствари, а среќна сум и поради тоа што ги освоив и првите FIS бодови во спуст. Ова се случи по неколку месечни тренинзи и престој во скијачката академија во Италија по програмата на FIS, каде работевме напорно, но тоа се исплати. Продолжувам понатаму да работам и со нетрпение ги очекувам наредните ски трки, ни рече Ева Милевска.

More from ВестиMore posts in Вести »