Press "Enter" to skip to content

ЕСМ Топлификација Битола: од утре пренасочување на товарните возила од “Дулие“ кон “Индустриска“

ЕСМ Топлификација Битола соопштува за пренасочување на товарните возила возила, во кое се вели:

-Заради изведување на градежни работи на изградба на топловодот, ве известуваме дека почнувајќи од утре, 6 декември 2023 година, товарните возила кои сообраќаат по улица “Македонски гемиџии“ (поранешна “Железничка“) ќе бидат пренасочени од кружниот тек на “Дулие“ кон улица “Индустриска“.

Од четврток, 7 декември 2023 година, затворен за сообраќај и за патнички возила ќе биде делот од улица “Македонски гемиџии“ (поранешна “Железничка“) од крстосницата на мостот со улица “16-та“ до крстосницата со улица “Ѓорче Петров“ (крстосница кај “Нојко аларм“).

Согласно издаденото одобрение, времениот режим на сообраќај ќе биде на сила до завршување на градежните работи на топловодот во овој дел од Битола.

Паралелно со изградбата на топловодот на улица “Македонски гемиџии“ (поранешна “Железничка“), градежни работи се изведуваат на улица “Индустриска“, улица “Студентска“ и во кругот на поранешната касарна.

Ви благодариме на разбирањето и на трпението.

More from ВестиMore posts in Вести »