Press "Enter" to skip to content

МКЦ Битола ги додели златните сертификати за волонтерство на “Man and Mountain LLC“ и проф. д-р Моника Марковска (фото)

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

Оваа година Младински културен центар – Битола додели “Златен сертификат“ на “Ман анд Моунтаин“ (“Man and Mountain LLC“), а во образложението се вели:-Признанието го добива за за организација и реализација на десетгодишната иницијатива за заштита на животната средина “Зелена сончева“ во рамките на која се реализираат масовните волонтерски акции “Генералка Викенд“ и “Сончева Гора“. Во волонтерската акција Генералка Викенд во 2023 година беа вклучени 51 општина и Националниот парк Шар Планина. Исчистени беа вкупно 304 локации. Беа вклучени повеќе од 300 училишта и градинки. Вкупно 15.811 учесници – волонтери придонесоа во волонтерската акција и беа собрани вкупно 252.681 килограми отпад. Дополнително во акцијата за пошумување Сончева Гора во ноември 2023 година беа засадени 50.000 садници во близина на езерото Младост крај Велес со учество на преку 100 волонтери.

“Златен сертификат“ за вононтерство во 2023 година, Младински културен центар – Битола, доделува на проф. д-р Моника Марковска, а во образложеното се вели:Во 2023 година, проф. д-р Моника Марковска има активен волонтерски ангажман како потпретседател на Советот за женско претприемништво во општина Битола и како претседател на Ротари клубот Битола Широк сокак. Евидентни се нејзините заложби за организирање на волонтерски настани и хуманитарни акции. Исто така, има ангажмани во различни проекти, организирање и реализација на работилници со млади и лица од ранливи категории од областа на претприемништвото. Таа постојано се залага и за промоција на социјалното претприемништво. Нејзиниот волонтерски ангажман е видлив преку организација на настани на кои се промовираат нови технологии, како што е примерот со виртуелната реалност и дигиталната писменост.

More from ВестиMore posts in Вести »