Press "Enter" to skip to content

Одблиску со д-р Маја Аврамовска, дел од УКЛО мрежата

По повод Светскиот ден на науката УКЛО ја прошири научната орбита на дејствување, со нов формат, динамизирана афирмацијата на науката и со целосно отворање на Универзитетот кон поединци и организации кои се занимават со наука и истражување.
Меѓу активностите на овој план посебно место има УКЛО Мрежата како платформа за поврзување со научни дејци и институции кои делуваат надвор од Универзитетот. Станува збор за поединци и организации активни во заедницата, науката и истражувањата кои може да бидат носители или партнери во проекти. 

Битола њуз низ серијал ги претставува поединечно новите членови во научното семејство на УКЛО uklo.edu.mk

Како гледате на иницијативата за формирање на УКЛО Мрежа?

-УКЛО мрежата е одлична можност за афирмација на науката и секој поединец да биде свесен за вистинското значење и вредноста на научните истражувања и откривањето нови методи. Епохалното откритие УКЛО мрежа овозможува поврзување на сите ентузијасти, проактивни поединци, со нови идеи и предизвици да се вклучат и да придонесат за подобро општество за сите. Како самостоен научник и најмлад доктор на медицински науки од областа клиничка медицина, од посебно значење и чест ми е што се вклучив во УКЛО  мрежата, бидејќи позади мене не стои ниедна наставно-научна установа.

Вашата стручна биографија заслужува почит и внимание, може ли да посочите во која област е Вашето најголемо достигнување?

-Моето најголемо достигнување е од мојата специјалност – гинекологија и акушерство, поточно докторатот од областа на перинатологија и тироидологија, дел од ендокринологијата, се заедно како дел од пошироката област клиничка медицина. Моите два труда објавени во еминентни списанија, дел од научната база Web of science годинава беа наградени од Министерството за образование и наука.

Каков е Вашиот план за соработка со УКЛО? Дали веќе започнавте да го афирмирате Универзитетот со планирани активности?

-Сакам да соработувам со УКЛО со секоја можност и идеа што ќе се предложи, во секоја активност или предавање од мојата област. Отворена сум и за научно- истражувачки проекти, пишување научни трудови и секакви публикации. Започнав со афирмирање преку линкот од промоцијата на УКЛО мрежата на денот на науката преку социјалните мрежи и сајтот на мојата матична установа, Клиничка болница Битола.

УКЛО мрежата треба да овозможи поголем процес на творечко, апликативно и креативно поврзување. Како би го препорачале на Вашите соработници/пријатели и на студентите – која е пораката?

-Заедно сме посилни. Само со тимска работа и мултидисциплинарен пристап можеме да направиме многу, многу за нашиот УКЛО и за научниот развој на нашата Битола и регионот. Team work make the dream work.

Дали на Вашиот професионален и стручен успех сила му дава некое посебно мото?

-Секој труд се исплати. Една искра, раѓа мисла. Една мисла, раѓа визија. Една визија, раѓа идеа. Секоја идеа, со многу труд и силна работа, може да стане реалност. Граници нема, ништо не е невозможно во науката, само ако сакаш. Науката е магија, која се остварува.

Е. Атанасоска

More from ВестиMore posts in Вести »