Press "Enter" to skip to content

“Зимска приказна“ како дел од културно-туристичката понуда на Битола

Општина Битола објави јавен повик за учество во организација и реализација на културни и туристичко промотивни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2024 година – Зимска приказна.

Годинава, „Зимската приказна“, на иницијатива на Локалниот економско социјален совет, покрај кај Офицерскиот дом, ќе биде насочена и кон раздвижување на Старата битолска чаршија, со цел понуда на културно – забавни содржини за сите генерации, кои ќе придонесат и за привлекување на поголем број посетители на градот.

Аплицирањето на јавниот повик за програмскиот дел на „Зимска приказна“, ќе биде електронски, со доставување на апликација за учество на емаил адресата

zimskaprikazna@bitola.gov.mk.

Повеќе информации за повикот се достапни на веб страната на Општина Битола, на следниот линк 

https://www.bitola.gov.mk/javen_povik_zp23-2/.

Општината објави и повик до сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да дадат поддршка за успешност и креативен раст на идејата за предновогодишна туристичка промоција на Битола.

За таа цел, се покануваат сите претставници на бизнис секторот кои сакаат да понудат културно – забавни содржини кои ќе бидат дел од „Зимска приказна“, да ја контактираат општината на телефонскиот број 047/208339 или емаил адресата zimskaprikazna@bitola.gov.mk.

Понудените музичко сценски содржини, концертни настапи или други креативни идеи, за да станат дел од „Зимска приказна“, потребно е да бидат во согласност со квалитативните критериуми на општината дефинирани за оваа програма, додека техничко – организационите и промотивните активности ќе бидат обврска на Општина Битола.

Партнерствата градат успешни приказни. „Зимска приказна“ е најдобрата можност, заеднички, сите активни субјекти во градот да направиме новогодишниот блесок да светне надалеку“, стои во повикот од општината до бизнис секторот.

More from ВестиMore posts in Вести »