УКЛО започна со настани поврзани со Патронот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, 8 Декември, што е воедно и голем државен празник.На свеченоста, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски во присуство на проректорите на УКЛО, претседателот на Сенатот, декани и најблиски на кандидатите за промоција, промовира нови 19 доктори на науки. Промовирани се 3 доктори на науки од областа на безбедноста, 7 доктори на науки од областа на туризмот, 2 доктори на организациони науки и управување-осигурување, 1 доктор на техничко- технолошко науки од областа на храна и иновативни технологии, 1 доктор на наставата по јазик, 1 доктор на науки од областа на надареност и талентираност, 2 доктори по образовни науки и 2 доктори на биотехнички науки.Во врска со свеченоста ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека задоволството е секогаш големо, бидејќи одбележувањето на Патронатот започнува со промоција на највисоката научна титула, која е значајна за новите доктори на науки, за Универзитетот и за професорите бидејќи е создаден млад научен потенцијал, млади научници кои ќе бидат добра замена во Универзитетот, но секако и во бизнисот и во општеството и на тој начин науката ќе може да има поголемо влијание и да „се слуша“ нејзиниот глас.Ректорот Неделковски потенцира дека УКЛО одамна е акрeдитиран да дава дипломи за трет циклус докторски студии, истакнувајќи го притоа сериозниот пристап, следењетона современите трендови како и застапеноста на странски студенти, при што на УКЛО до денес докторирале 465 доктори на науки.
На УКЛО Битола промoвирани нови доктори на науки (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)