УКЛО започна со настани поврзани со Патронот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, 8 Декември, што е воедно и голем државен празник.
На свеченоста, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски во присуство на проректорите на УКЛО, претседателот на Сенатот, декани и најблиски на кандидатите за промоција, промовира нови 19 доктори на науки.
Промовирани се 3 доктори на науки од областа на безбедноста, 7 доктори на науки од областа на туризмот, 2 доктори на организациони науки и управување-осигурување, 1 доктор на техничко- технолошко науки од областа на храна и иновативни технологии, 1 доктор на наставата по јазик, 1 доктор на науки од областа на надареност и талентираност, 2 доктори по образовни науки и 2 доктори на биотехнички науки.
Во врска со свеченоста ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека задоволството е секогаш големо, бидејќи одбележувањето на Патронатот започнува со промоција на највисоката научна титула, која е значајна за новите доктори на науки, за Универзитетот и за професорите бидејќи е создаден млад научен потенцијал, млади научници кои ќе бидат добра замена во Универзитетот, но секако и во бизнисот и во општеството и на тој начин науката ќе може да има поголемо влијание и да „се слуша“ нејзиниот глас.
Ректорот Неделковски потенцира дека УКЛО одамна е акрeдитиран да дава дипломи за трет циклус докторски студии, истакнувајќи го притоа сериозниот пристап, следењетона современите трендови како и застапеноста на странски студенти, при што на УКЛО до денес докторирале 465 доктори на науки.

На УКЛО Битола промoвирани нови доктори на науки (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Положено цвеќе на споменикот на Св. Климент во дворот на УКЛО Битола (фото)
- ОУ “Свимент Климент Охридски“ Битола го одбележа својот патрон (фото)
- Во Битола облачно со повремен дожд, температурата до 10 степени
- Достоинствен омаж за Патронот “Слово Љубве“ на УКЛО Битола и Горната гимназија, упатени силни пораки за образованието, јазикот и младите (мега фотогалерија)
- Општина Битола: презентирани дел од решенијата за изработка на физибилити студија за голдола





