УКЛО започна со настани поврзани со Патронот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, 8 Декември, што е воедно и голем државен празник.
На свеченоста, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски во присуство на проректорите на УКЛО, претседателот на Сенатот, декани и најблиски на кандидатите за промоција, промовира нови 19 доктори на науки.
Промовирани се 3 доктори на науки од областа на безбедноста, 7 доктори на науки од областа на туризмот, 2 доктори на организациони науки и управување-осигурување, 1 доктор на техничко- технолошко науки од областа на храна и иновативни технологии, 1 доктор на наставата по јазик, 1 доктор на науки од областа на надареност и талентираност, 2 доктори по образовни науки и 2 доктори на биотехнички науки.
Во врска со свеченоста ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски истакна дека задоволството е секогаш големо, бидејќи одбележувањето на Патронатот започнува со промоција на највисоката научна титула, која е значајна за новите доктори на науки, за Универзитетот и за професорите бидејќи е создаден млад научен потенцијал, млади научници кои ќе бидат добра замена во Универзитетот, но секако и во бизнисот и во општеството и на тој начин науката ќе може да има поголемо влијание и да „се слуша“ нејзиниот глас.
Ректорот Неделковски потенцира дека УКЛО одамна е акрeдитиран да дава дипломи за трет циклус докторски студии, истакнувајќи го притоа сериозниот пристап, следењетона современите трендови како и застапеноста на странски студенти, при што на УКЛО до денес докторирале 465 доктори на науки.

На УКЛО Битола промoвирани нови доктори на науки (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер со нова победа, во Битола никој не победува во 2026 (фотогалерија)
- Од полноќ бензинот ќе се продава со +7, дизелот +6,5 денари
- Пелистер одигра реми против Силекс во Кратово
- Библиотеката подготвува нов зборник “Тајните од битолските сокаци “
- СВР Битола: приведени двајца “комити“, едниот за марихуана, другиот за агресивно однесување





