На еден ден пред последниот натпревар на Еурофарм Пелистер од Лигата на шампиони во Битола на задолжителната пред конференција зборуваше Урош Борзаш кој за противникот рече:
-Загреб е во одличен ритам и доаѓаат во налет. Ние сме тука да го прекинеме тој налет и се надевам на победа. Работиме напорно, го анализираме противникот и се надевам и верувам во она што го работиме секојдневно и очекувам позитивен резултат. Треба да ги исправиме тие ситни грешки кои ги направивме во Загреб во последните дваесет минути. Прававме почетнички грешки, продадовме неколку топки и тие како искусна екипа тоа го искористија преку контра напади. Париравме 40 минути и во одбрана и во напад и во полуконтра, но тој финиш ни беше навистина лош. Губиме, но на секој натпревар сме блиску. Имавме опции за победа против ПИК Сегед и против Кил и против Киелце. Тоа ни дава сила и мотив дека можеме некого да изненадиме до крајот на Лигата на шампионите. Имаме своја цел, а тоа е да откинеме бод на некоја голема екипа, така да ќе се обидеме до крајот на групата и тоа да го направиме. Ова е последен натпревар за оваа година во Лигата на шампионите и се надевам дека ќе ја израдуваме публиката и самите себеси пред празниците со победа против Загреб.